Полавите во Европа го запреа производството на Порше
Поплавите во Европа го отежнаа снабдувањето на делеови за производсво на луксузните модели на „Porsche“, „Cayenne“ и „Panamera“ и затоа денес германската компанија не работеше.
Германската компанија утринава ги информираше вработените од првата смена да не доаѓаат на работа, бидејќи поплавите во Чешка ја попречија испораката на делови за моделот „Cayenne“, пренесува агенцијата Блумберг.
„Постои проблем со испораката на делови кои се произведуваат во фабриката на „Volkswagen“ во Братислава, а потоа со воз се транспортираат низ Чешка и Лајпциг“, изјави портпаролот на „Porsche“.
Застојот, исто така ќе влијае и на завршната монтажа на делови на моделот „Panamera“, иако не постои проблем во снабдувањето на компонентите, бидејќи каросеријата за овој модел се произведува во Хановер во северниот дел на Германија.
Портпаролот на германската компанија, исто така, истакна дека флексибилниот систем на производство на „Porsche“ и овозможува на компанија, кога ситуацијата ќе се врати во нормала, низ дополнителни смени да го надокнади загубеното.
Според официјалните податоци, фабриката во Лајпциг произведува 450 автомобили дневно во три смени.
Слично
