Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покрај војската, и доброволци тргнуваат во пресметка со руските сепаратисти во источна Украина

Покрај војската, и доброволци тргнуваат во пресметка со руските сепаратисти во источна Украина
Баталјон доброволци, меѓу кои украински националисти и учесници на неодамнешните протести во Киев се движи кон источна Украина за да се приклучи на украинската војска во антитерористичката операција против проруските сепаратисти во источните градови, објави Дојче Веле. Преодниот украински претседател Олександер Турчинов утрово објави дека антитерористичката операција започна со цел да се вратат под контрола административните објекти што ги зазедоа проруските сепаратисти кои бараат приклучување кон Русија. Официјална Москва денеска испрати уште едно предупредување против воена интервенција во источните нделови на Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Кина предупреди дека „злосторничката“ употреба на сила од страна на украинските власти против демонстрантите може да го загрози успехот на состанокот на големите сили за ситуацијата во Украина, кој е закажан за утре. „Не можете да испраќате тенкови и во исто време да водите дијалог. Употребата на сила би ја уништила шансата што ја дава состанокот во Женева утре“, порачал Лавров, кој побара од Киев итно да престане да испраќа трупи во источните градови. Инаку, утре во Женева за првпат од почетокот на украинската криза, на иста маса треба да седнат претставници на САД, ЕУ, Русија и Украина. Украинските власти инсистираат дека антитерористичката операција има за цел да го заштити територијалниот интегритет и украинското население, а за случувањата во источните градови ја обвинуваат Москва.
Слично

Поврзани вести