ПОКРАЈ ТЕНЗИИТЕ: Турција и понатаму останува кандидат за членство во ЕУ
И покрај тензиите со Анкара, Високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека Турција продолжува да е земја-кандидат за членство во Заедницата, пишува баварскиот весник Die Sueddeutsche Zeitung.
„Ќе продолжиме со разговорите", увери италијанскиот политичар, додавајќи дека Турција е регионален партнер во голем број области.
По пристигнувањето во Словенија, Могерини истакна дека ЕУ не секогаш се согласува со позициите на Турција. Прашања како човекови права, како и ситуацијата во која се сместени новинарите во земјата, се извор на несогласувања меѓу Брисел и Анкара. Сепак, разговорите ќе продолжат. Меѓутоа, „иднината на односите“ ќе биде решена со внатрешна дебата меѓу претставниците на земјите од Заедницата, објасни Могерини.
Портпаролот на Европската комисија ги коментира изјавите на Мартин Шулц и Ангела Меркел во телевизиската дебата од неделата вечер, кога двајцата водечки германски политичари повикаа на прекин на разговорите за турското членство во ЕУ.На следниот самит Европа треба да разговара за можно прекинување на преговорите со Турција за влез во ЕУ, изјави во говорот во Бундестагот сојузниот канцелар на Германија Ангела Меркел. „Ќе предложиме на следниот самит да се разговара за идните односи со Турција, вклучувајќи го и прашањето за одложување или прекинување на преговорите (влез во заедницата)“, рече Меркел.
Брисел, исто така, потсети дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто така, го следи развојот на Турција со голема загриженост. Минатата недела луксембуршкиот политичар изјави дека Турција се оддалечува со „гигантски чекори“ од Европа и дека политиката на турската влада го прави невозможно пристапувањето на земјата кон ЕУ. Но, Јункер се спротивстави на едностраниот прекин на разговорите за пристап.
