Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

Три бебиња починале од смрзнување во последните 48 часа во Газа. 

Новородено бебе вчера починало од смрзнување во шаторите во Ел Маваси, на југот на Газа.  Села Махмуд ел Фасих „починала од смрзнување поради екстремен студ“ во Ел Маваси, напиша вчера на Икс докторот Муние ел Бурш, генералниот директор на Министерството за здравство на Газа.

„Во текот на последните 48 часа Ел Фасих и најмалку уште две други новороденчиња, бебе старо три дена и бебе од еден месец, починале поради ниските температури и недостигот од пристап до топло засолниште“, изјавил за Си-ен-ен Ахмед ел Фара, шеф на педијатрија и гинекологија во болницата Насер во Кан Јунис.

Лани на 7 октомври, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел по што почна војната. 

foto EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Слично

Поврзани вести