Економија, финансии, бизнис

Контакт

Погребана брутално убиената тинејџерка од мигранти

Погребана брутално убиената тинејџерка од мигранти

Памела Мастропјетро (18) , тинејџерката којашто беше распарчена од мигранти вчера беше погребана.

Осомничени се тројца Нигеријци, меѓу кои е и еден дилер на дрога.

Италијанската јавност е дополнително потресена бидејќи за неколку дена почнува судењето на мажот кој пукаше во Африканците во знак на одмазда за бруталното убиство на тинејџерката.

Кога белиот ковчег на Памела, покриен со цвеќе стигна во црквата стотиците насобрани членови од семејството, пријателите и граѓаните на Рим ракоплескаа, а потоа пуштија бели и розеви балони кон небото.

Памела беше убиена пред три месеци веднаш од излегувањето од центарот за одвикнување од наркотици.

Неа тројца Нигеријци, меѓу кои и наркодилер на 30. јануари ја убија и распарченото тело го спакувале во два сандаци и го оставиле покрај пат. Наркодилерот е осомничен и за силување на Памела.

Меѓу бројните венци со бело цвеќе имаше и еден на чија лента пошуваше "Traini Luka".

Овој припадник на крајната десница не ја познавал жртвата, но сакал да се одмази за нејзината смрт па на 4. март во центарот Маќерате пукал во Африканци, ранувајќи најмалку шест лица.

Судењето за него почнува на 9. мај. Ужасното убиство и расистичката одмазда месец дена пред парламентарните избори ја потресоа Италија и предупредија на длабоката напнатост поради мигрантите во таа земја. Во Италија во последните години пристигнаа повеќе стотици илјади лица.

Во  Маќерати неофашистичките активисти во петокот ја преименуваа улицата во која девојката е убиена во „Улица на Памела Мастропјетро, жртва на нигериската мафија“.



Слично

Поврзани вести