Поголеми даноци за богатите вети социјалдемократскиот кандидат за канцелар на Германија
Зголемени даноци за најбогатите Германци, вети кандидатот на социјалдемократите за канцелар на Германија, Пир Штајнбрук, објави Макфакс.
Според неговите зборови, ќе биде одредена и минимална заработка на национално ниво.
Истражувањата покажуваат дека во пресрет на изборите на 22 септември, Штајнбрук има значително помала поддршка од актуелната канцеларка Ангела Меркел.
Но, Штајнбрук тврди дека ништо не е конечно и дека многу гласачи сè уште не се определиле за кого ќе го дадат својот глас.
Неговите приоритети главно се однесуваат на внатрешната политика, но се залага и за создавање на Европска банкарска унија.
Слично
