Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголема плата, па потоа настава, штрајкуваат словачките наставници

Поголема плата, па потоа настава, штрајкуваат словачките наставници

Просветните работници во Словачка втор пат оваа година излегоа на штрајк, поради што поголем број државни училишта во земјата  денеска останаа затворени. Причината и овој пат се барањата за поголеми плати на просветните работници кои според нив треба да се повисоки за 10 отсто, но и подобри услови за работа.

Протестите се одржуваат во државните училишта во поголемите градови во земјата, како што се Братислава, Кошице и Банска Бистрица, додека повеќе верски и приватни училишта се учествуваат во штрајкот.

Синдикатот на просветните работници соопшти дека овојпат, за разлика од еднодневниот штрајк во септември, не се знае колку ќе трае протестот кој започна утринава.

Некои спортски центри, зоолошки градини и библиотеки подготвиле специјални програми за децатра кои денеска не посетуваат настава поради штрајкот.

Слично

Поврзани вести