Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголем број на случаи на згрутчување на крвта по примена АстраЗенека: Британскиот регулатор со нов извештај

Поголем број на случаи на згрутчување на крвта по примена АстраЗенека: Британскиот регулатор со нов извештај

Британската Агенција за лекови во последниот извештај наведува дека во земјата се регистрирани 30 случаи на згрутчувања на крвта по аплицирање на вакцината „Астра Зенека.

Според наводите на новинската агенција ДПА, оваа бројка е за 25 случаи поголема од претходниот извештај.

Како што денеска пишува Ројтерс, во претходниот извештај на британскиот регулатор за лекови, објавен само пред две недели, односно на 18. март, од вкупниот број вакцинирани, 11 милиони луѓе имало наведено само пет случаи на згрутчување на крвта.

Иако, станува збор за исклучително мал процент на вакви случаи, голем дел од европските земји за одредено време ја суспендираа употребата на АстраЗенека, а други пак не ја аплицираат на одредена категорија граѓани. Според ЕМА и СЗО, ставот е дека вакцината е безбедна и дека нејзините придобивки се многу поголеми во однос на заштитата од корона вирусот.


Слично

Поврзани вести