ПОГОДЕНО Е СКЛАДИШТЕТО ЗА НУКЛЕАРЕН ОТПАД-АЛАРМ ВО ЗАПОРОЖЈЕ: Утринава повотрно гранати врз најголемата нуклеарна централа во Европа
Постојаниот
претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов,
денеска изјави дека Украина мора да ги запре нападите врз нуклеарната централа
Запорожје.
Тој изјави дека неодамнешната дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации, одржана на барање на Русија на 11 август, покажала дека во основа никој не се противи на мисијата на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија, кои треба да го посетат Запорожје.
- Сепак, не може да се исклучи дека може да се појават некои потешкотии додека е во тек договорот за организација на посетата. Сега е важно Украинците да престанат да ја гранатираат електраната и да дадат безбедносни гаранции на членовите на мисијата. Меѓународниот тим не може да работи под континуирано гранатирање, ова е главната пречка - изјави Уљанов за ТАСС.
Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, се наоѓа во градот Енергодар и е под контрола на руските сили, и официјален Киев тврди дека таа постојано под оган од страна на руските војници.
Според последните информации, дел од инфраструктурата беше погодена, вклучително и складиштето за нуклеарен отпад, а експертите веќе предупредија на страшни сценарија ако дојде до протекување на нуклеарен отпад.
