Погоден е танкер кај Оман
Погоден е танкер кај Оман.
Нафен танкер беше нападнат денеска околу пет наутички милји од крајбрежјето на Масандaм во Оман, соопшти Морскиот безбедносен центар на земјата. Во нападот се повредени четири лица, а 20-члениот екипаж е евакуиран, пренесува CNN. Се работи за бродот „Skylight“, кој пловел под знаме на Палау, мала островска држава во западниот Пацифик.
Во акцијата за спасување учествувале оманската морнарица и армија, што според соопштението на центарот ја покажува националната подготвеност за справување со поморски инциденти
Оман имаше клучна улога во посредувањето за време на неодамнешните преговори меѓу Иран и САД, со цел постигнување нов нуклеарен договор.
Слично
