Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОГЛЕДНЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ПОТПИШЕТЕ“: Трамп ѝ нуди на Украина нов договор

„ПОГЛЕДНЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ПОТПИШЕТЕ“: Трамп ѝ нуди на Украина нов договор

Администрацијата на Доналд Трамп понуди „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот претседател со одбивањето на понудата, изјавија украински и американски официјални лица.

Трамп го нарече Зеленски диктатор кој избра војна со Русија, додека украинскиот претседател го обвини својот американски колега дека верува во руски дезинформации. Извори од двете страни велат дека договорот е сигурен.

Извори запознаени со ова прашање изјавија дека неколку помошници барале од украинскиот претседател да го потпише ажурираниот предлог за да избегне понатамошен конфликт и да му дозволи на Трамп да ја оправда својата поддршка за Украина.

„Има значително подобрување во неодамнешниот нацрт и тој е во согласност со украинскиот закон“, рече изворот.

Трамп забрзува: „Зеленски, потпишете“

Советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, им рече на новинарите дека Зеленски мора „да се врати на маса“ за прашањето за минералите.

Ова се преговори.

Украина се наоѓа во област со значителни резерви на ретки минерали кои се клучни за најнапредните технологии. Вкупната вредност на минералите може да се мери во трилиони долари.

Договорот за минерали не е експлицитно поврзан со никаков договор за ставање крај на војната во Украина, но двете прашања драматично се испреплетеа оваа недела.

Идејата за економско партнерство

Идејата за економско партнерство меѓу Украина и САД првично беше покрената од Зеленски минатиот септември, за време на состанокот со Трамп во Њујорк.

Минатата недела, три часа пред американскиот министер за финансии Скот Бесант да пристигне на средба со Зеленски во Киев, американскиот амбасадор го предаде нацрт-договорот за соработка во ископувањето минерали.

Во нацрт-договорот се наведува дека САД ќе добијат 50 отсто од минералите, дека договорот ќе биде предмет на јурисдикција на судот во Њујорк и дека ќе го замени секој друг трговски договор со Украина, наведуваат двајца извори кои го прочитале оригиналниот нацрт.

За време на нивниот состанок, Бесант му рекол на Зеленски дека Трамп инсистира веднаш да го потпише. Зеленски му рекол на Бесент дека не може да го потпише документот што штотуку го добил.

Украинците исто така беа разочарани што американскиот нацрт не вклучува никакви безбедносни гаранции за Украина и дека тоа им се наметнува во време кога Украина е исклучена од американско-руските преговори за нејзината иднина.

Но, тие исто така беа изненадени кога Трамп почна јавно да го напаѓа Зеленски, вклучително и за предлогот за минерали.

„Скот Бесант отиде таму и беше третиран прилично грубо бидејќи во основа му беше кажано „не““, им рече Трамп на новинарите во средата. „Се врати со празни раце. Тие не сакаа да го потпишат документот“, рече тој.

„Ве молам внимателно прочитајте го овој договор и потпишете го.

Зеленски им кажа на Венс и Рубио дека не може да го потпише документот бидејќи таков договор, според украинскиот устав, мора да биде одобрен од парламентот.

Ставот на Зеленски за договорот за минерали беше прашање што ги фрустрира Трамп и другите високи американски функционери и ги засили тензиите околу средбата САД-Русија во Саудиска Арабија, велат американски и украински официјални лица.

„Предложивме САД да инвестираат со Украина во нејзината економија и природни ресурси и да станат партнер во иднината на Украина. Ова е најдобрата безбедносна гаранција на која би можеле да се надеваат. Повеќе од само уште една палета муниција. Зошто добиваме критики? Тоа е неприфатливо. Тие треба да го намалат тонот. Погледнете внимателно и потпишете го овој договор“, рече Волц.

Трамп во средата вечерта изјави дека се обидува да го „оживее“ договорот за минерали.

фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

Слично

Поврзани вести