Погледнете кој е највлијателната личност во светот
Рускиот претседател Владимир Путин ја предводи овогодишната листа на највлијателни личности во светот на американското списание „Форбс“, јави ИТАР-ТАСС.
На второ место е претседателот на САД, Барак Обама, кој минатата година беше на лидер на листата, а трет е шефот на кинеската држава Кси Џинпинг.
На четврто место се најде папата Франциско, а на петто германската канцеларка Ангела Меркел.
На листата се вклучени вкупно 72 лица - политичари, јавни личности и директори на корпорации.
„Форбс“ во 2009 година почна со објавување на годишни листи на највлијателни личности во светот. Во изминативе години листите трипати ги предводеше Барак Обама, а само во 2010 година на првото место беше тогашниот претседател на Кина, Ху Џинтао.
