(ВИДЕО) Погледнете каква зграда им направи Меркел на германските разузнавачи
Канцеларката Ангела Меркел вчера го отвори новиот комплекс на германската Федерална разузнавачка служба (BND). Зградата се наоѓа во близина на Берлинскиот ѕид.
Објектот се наоѓа во Берлин и се градеше цели 12 години, а трошоците за негово формирање се повеќе од милијарда евра. Големината на комплексот на разузнувачката служба е колку 6 фудбалски игралишта.
Меркел рече дека земјата има потреба од силна и ефикасна разузнавачка служба.
Вработените внатре не смеат да внесуваат приватни мобилни или лаптопи. Не смеат да ги проверуваат ниту приватните меил адреси, ниту на социјалните мрежи.
Сите картички за влез во зградата на крајот од работниот ден се заклучуваат во сеф.
Слично
