Погледнете каде најсреќно се живее
Комисијата на Обединети нации го објави светскиот извештај за тоа каде најсреќно се живее. Понудена е листа според која е јасно во која земја граѓаните се најисполнети од животот кој таа може да им го овозможи. Ова се неколку од тие држави, доколку некогаш решите да се селите.
Данска
Животниот стандард во оваа земја е на високо ниво, стапката на невработеност е ниска, а платите се одлични. Данска е членка на ЕУ од 1973 година и на НАТО од 1949 година.
Финска
Граѓаните на Финска знаат да направат вистински баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот. Тоа е нивната култура и тајниот рецепт за квалитетен и среќен живот.
Норвешка
Ова е една од најпосакуваните земји за живеење, високиот стандард и добрите работни позиции и плати се прималиви за многу луѓе.
Канада
Канада може да се пофали со високо ниво на политичка слобода, друштвени луѓе, здравствена и економска стабилност, како и добри плати.
Слично
