Поевтини и поефикасни, нови батерии за автомобилите
Ново истражување на кое работат научниците на Тојота се базира на употреба на магнезиум, наместо на литиум. Магнезиумот е честа појава, но трабе да се усоврши работата на таков вид на батерија.
Поевтини и поефикасни батерии од оние кои моментално се користат во автомобилите може наскоро да значи значително намалување на цената на електричени автомобили. Истражувачите на Тојота веруваат дека се на пат да развијат батерија која ќе понуди поголем капацитет. Иако тековната литиум-јонска батерија е лесна, силна и обезбедува солидно забрзување и опсег, исто така е и скапа. Батерија за на Nissan Leaf чини околу 70.000 куни, а нивниот досег е околу 220 километри. Затоа истражувачите работат да се развие батерија за користење на магнезиум наместо на литиум што би можело да донесе поевтини батерии.
Слично
