Подзастанува и кинескиот „мотор“?
Кинеската економија годостигна најниското ниво на економсми раст во последните 18 месеци. Во првиот квартал од 2014 година е забележан раст од 7,4% во споредба со истиот период минатата година.
Иако растот и натаму останува висок, па дури и надмина некои прогнози кои предвидуваа дека кинеската економија ќе се зголеми за 7,3%, сепак ваквите резултати се послаби од претходните. Така, во последниот квартал од 2013 година кинескиот раст достигна 7,7%, а во 2012 година - дури 7,8%.
Обемот на производство во моќната азиска економија се зголемил за 8,8 % во споредба со минатата година, а бил планиран раст од 9%. Инвестициите во основните средства наместо за планираните 18,1% се зголемиле за 17,6% во првиот квартал на 2014 година. Единствено натфрлил сегментот за продажба на мало за кој проектираниот раст бил 12,1%, а се зголемил за 12,2%.
Слично
