Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак вели дека Русите не може да седнат на иста маса со лидерите на Г20

Подољак вели дека Русите не може да седнат на иста маса со лидерите на Г20

Украина смета дека Русија треба да биде исфрлена од Г20. 

Советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска, по новиот бран напади  изјави дека Русија треба да биде исфрлена од групата Г20 и другите меѓународни организации, пренесе „Ројтерс“.

„Оние што даваат наредби да се нападне клучната инфраструктура, да се ‘замрзнат’ цивилите и да се организира целосна мобилизација за покривање на линијата на фронтот со трупови, секако не може да седнат на иста маса со лидерите на Г20. Време е да се стави крај на руското лицемерство. Руската Федерација мора да биде исфрлена од сите платформи“, напиша Подољак на „Твитер“. 

Најмалку 7 луѓе загинаа денеска во напади на дронови. 

Украинските сили се трудат да ги соборат руските дронови, кои носат и по 50 килограми експлозив. 


Украина нема намера да преговара со Русија, додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести