Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак вели дека Русија сака да го измами светот и да и забие нож во грб на Украина

Подољак вели дека Русија сака да го измами светот и да и забие нож во грб на Украина

Русија се обидува да го измами светот, вели украинскиот преговарач Михајло Подољак.

Кажа дека Русија сака да остави впечаток дека е подготвена за преговори, а притоа да и забие нож во грб на Украина. 

„Киев сигурно ќе се врати на преговорите, но во вистинско време“, рече Подољак.

Руската страна тврди дека во преговорите со Украина имале напредок, голем дел од работите се договорени, но тука застанале. 

Помошникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација на разговорите со украинската страна, Владимир Медински вели дека Украина и Русија во април оваа година се усогласиле во поглед на 75 проценти од содржината на нацрт мировниот договор. 

Тој додал дека руската и украинската делегација разменуваат телефонски повици, но дека Киев не сака да ги продолжи разговорите. Досега имаше неколку рунди преговори. 

Слично

Поврзани вести