Подољак вели дека има промени во разговорите со Русија
Има промени во преговорите меѓу Русија и Украина.
„По 26 дена војна, има одредени промени во мировните преговори“, изјави украинскиот преговарач Михајло Подољак за Би-Би-Си.
Вели дека отпорот на Украина ја принуди Русија поадекватно да ја процени реалноста на ситуацијата, што помогна да се поттикне некој вид дијалог.
„Но, секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин“, додаде тој.
Подољак вели дека нема договорен датум кога би можел да се одржи нивниот состанок.
Тој јасно става до знаење дека Киев нема да направи никаков компромис за територијалниот интегритет или суверенитет на Украина.
Слично
