Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак тврди дека ако утре падне Украина, следна е Молдавија

Подољак тврди дека ако утре падне Украина, следна е Молдавија

Членот на украинскиот преговарачки тим Михајло Подољак денеска ја обвини Русија дека се обидува да го дестабилизира самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија. 

Тој ова го изјави по серијата експлозии во таа област. 

„Ако Украина падне утре, руските трупи ќе бидат пред портите на Кишињев. Добра вест: Украина дефинитивно ќе ја обезбеди стратешката безбедност на регионот. Но, ние мора да работиме заедно“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак.

Претходно, и Зеленски изјави дека апетитите на рускиот претседател Владимир Путин нема да застант во Украина.  Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Засега не е на повидок договор за ставање крај на војната. 

Во Мариупол е најдена и трета гробница со тела на убиени цивили. 

Русија негира дека убива цивили. Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин кажа дека Русија спроведува „специјална воена операција со цел спасување животи на цивилите“. 

Слично

Поврзани вести