Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак смета дека е време да се сретнат Зеленски и Путин

Подољак смета дека е време да се сретнат Зеленски и Путин

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак вели дека резулатите од денешната средба во Турција се доволни за средба на лидерско ниво, јави Анадолија. 

Тој рече дека по разговорите во Истанбул, треба да се сретнат претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин. 

Подољак вели дека разговорите не оделе лесно, но руската страна била конструктивна. Тој порача дека сегашниот безбедносен систем мора да се промени. 

Украина предложи усвојување неутрален статус во замена за безбедносни гаранции во последната рунда разговори со Русија, што значи дека нема да се приклучи на воените сојузи или да биде домаќин на воени бази, рекоа украинските преговарачи во по разговорите во Истанбул.

Слично

Поврзани вести