Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак сепак се огради и вели дека одговорите за експлозијата треба да се бараат во Русија

Подољак сепак се огради и вели дека одговорите за експлозијата треба да се бараат во Русија

Украина сепак се оградува од експлозијата која се случи денеска на кримскиот мост. 

Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак експлозијата и пожарот на Кримскиот мост се „конкретен израз на конфликтот меѓу руската Федерална служба за безбедност (ФСС) и приватните воени компании, од една страна и Министерството за одбрана и Генералштабот на Русија, од друга страна“.

Вели дека „сведоци сме на почеток на големи негативни процеси во Русија“.

„Управливоста на безбедносните сили нагло опадна, почнаа големи конфликти меѓу руските специјални служби. Сите ги бараат одговорните за воените порази и сакаат да ја реформираат најблиската околина на Путин и да заземат други позиции. Или да бидат уапсени тие или оние генерали“, вели Подољак.

Според советникот на Зеленски, најверојатно камионот што експлодирал се качил на мостот од руска страна, „така што одговорите треба да се бараат во Русија“.

Тој смета дека „логистиката на експлозијата, синхронизацијата со конвојот со гориво и обемот на уништениот коловоз јасно укажуваат на руска патека“.

„Руската армија ги бара одговорните за поразите на фронтот и ФСС и сопствениците на приватни воени компании водат кампања за разрешување на военото раководство – министерот (Сергеј) Шојгу и началникот на Генералштабот (Валери) Герасимов“, изјави Михајло Подољак.

Претходно, во текот на денот, тој напиша на Твитер дека ова е само почеток, и дека она што е окупирано ќе биде вратено. 

Слично

Поврзани вести