Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак: Русија планира поплавување на територијата за да ја запрат украинската контраофанзива

Подољак: Русија планира поплавување на територијата за да ја запрат украинската контраофанзива

Украинските власти велат дека Русија подготвува катастрофа. 

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска на Твитер објави дека Русија планира катастрофа во регионот Херсон.
Ова е вистинскиот „план на Суровикин“ за хидроцентралата Каковскаја:

1. Ископување на браната и трансформаторите

2. Насилно депортирање на Украинците и другите нелојални популации во Руската Федерација

3. Поплавување на територијата за да ја запрат украинската контраофанзива и да го блокираат нивното сопствено повлекување. Тој алудираше на Сергеј Суровикин, новиот командант на руските сили.

„Русија подготвува катастрофа“, заклучи Подољак.

На истото сценарио предупреди и Зеленски. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган кој од почетокот на Рускјата инвазија врз Украина важи како посредник во постигнувањето некаков мировен договор меѓу двете земји, денеска при враќањето од посетата на Азербејџан изјави дека рускиот претседател станува „помек“ и дека е поподготвен да преговара.

Слично

Поврзани вести