Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак: Путин никому не простува, особено не на тој што го помножи со нула во јуни

Подољак: Путин никому не простува, особено не на тој што го помножи со нула во јуни

Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Михајло Подољак го прокоментира загинувањето на шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин со пораката  дека рускиот претседател Владимир Путин никому не простува. 

„Очигледно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски терор. Особено не на тој што го помножи со нула во јуни 2023. И го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна потерница за себе во моментот кога поверувал во бизарните „гаранции“ на Лукашенко и во исто толку апсурдниот „чесен збор“ на Путин. Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на Вагнер два месеци по обидот за пуч е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“. Но, тоа е и сигнал за руската војска: Нема да има „херои на СВО“. Ако тоа не е украински трибунал,  ќе биде куршум на ФСБ (разузвувачката служба во Русија)“, напиша Подољак.

Пораката дојде откако руската државна телевизија потврди дека меѓу загинатите е и Пригожин, бидејќи се шпекулираше дека можеби тој е во вториот авион кој, според некои слетал, а според други кружи се уште над Москва…

Вагнер обвинува дека руски проектил го соборил авионот во кој бил Пригожин.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, сугерира дека зад соборувањето на авионот навистина стои руската воздушна одбрана.

Пред само неколку дена, Евгениј Пригожин се појави во видео, наводно снимено во Африка. Сепак, поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил изјави за дека овој инцидент бил „неизбежен“.

Слично

Поврзани вести