Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДОЉАК ПОТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА ЈА МОЛАТ РУСИЈА: Откри која е целта на офанзивата во Курск

ПОДОЉАК ПОТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА ЈА МОЛАТ РУСИЈА: Откри која е целта на офанзивата во Курск

Украинците објавија зошто ја нападнале Русија. 

Украинската офанзива во руската област Курск трае веќе десет дена.

„Украина води исклучиво одбранбена војна, строго во рамките на меѓународното право. Но, ако зборуваме за потенцијални преговори, нагласувам потенцијал, ќе ја принудиме Русија на преговарачката маса и по наши услови. Апсолутно не планираме да молиме: Седнете со нас на маса да преговараме. Наместо тоа, имаме докажани, ефективни средства за принуда“, објасни советникот на  украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак. 

Вели дека покрај економско и дипломатско, ова е и воено средство. Подољак кажа дека мораат да предизвикаат тактички порази на Русија. 

„Во регионот Курск, јасно гледаме како објективно се користи воената алатка за да се убеди Русија да влезе во фер преговарачки процес. Повторувам, да се влезе во преговарачкиот процес, а не во традиционалната руска пропаганда и капитулантска уцена. Важна алатка е и влијанието врз јавното мислење внатре во Русија, кое почнува да се менува сега кога војната навлезе длабоко на нивната територија. Факт е дека до неодамна граѓаните на земјата агресор беа главно рамнодушни кон непријателствата бидејќи се одвиваа во Украина“, рече Подољак.

Украина во Курск има и свој команден центар. 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера рече дека двете држави, Украина и Русија треба да седнат на маса и да стават крај на војната. 


Инаку, на 24 февруари 2022 година, Русија од белоруска територија ја нападна Украина, и Лукашенко постојано го поддржуваше рускиот претседател Владимир Путин. 

Слично

Поврзани вести