Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак откри под кои услови ќе преговараат со Русија

Подољак откри под кои услови ќе преговараат со Русија

Украина е подготвена за преговори, но не и со Путин, вели советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак. 

Тој изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин. Претходно, за време на викендот, „Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги охрабрува украинските лидери да сигнализираат дека се отворени за преговори со Москва, пренесува „Ројтерс“.

„Дали Путин е подготвен? Очигледно – не. Затоа ние сме конструктивни во нашата процена: ќе разговараме со следниот руски лидер“, посочи Подољак.

И претходно, украинските власти го соопштија истото. Но, украинските власти кажаа дека не сакаат преговори под ултиматуми, и бараа воените дејствија да престанат, па потоа да преговараат. 

Слично

Поврзани вести