Подољак објасни зошто Украина не ја прифаќа неутралноста по австриски модел
Украина го одби предлогот за неутралност по австриски модел.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак кажа дека рускиот предлог Украина да усвои неутралност во австриски стил е неприфатлив за земјата.
Подољак изјави за локалните медиуми дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат суверенитетот на земјата.
„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во процесот на преговорите. Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“, кажа Подољак.
Тој рече дека моделот може да биде само украински и само со законски проверени безбедносни гаранции.
Шведскиот или австрискиот модел ќе значи дека Украина ќе може да ја задржи својата војска, но нема да може да странски трупи или бази на нејзина територија.
„Руската војска ги уништи плановите на украинските власти кои планирале да тргнат во војна“, кажа рускиот претседател Владимир Путин.Тој додаде дека западните ментори на Украина го поттикнувале Киев на крвопролевање, испорачувајќи му оружје и испраќајќи платеници.
На 24 февруари, Русија ја нападна Украина, а претходно Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск.
