Подољак: Неопходно е да се воспостават такви услови што нема да ѝ дозволат на Русија ниту да помисли да пука
Михаjло Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот, изјави дека секое привремено примирје со Русија е начин за понатамошна ескалација, па затоа за такво што не може да стане збор, изјави тој во интервју за ACS.
Вели дека преговарачкиот процес меѓу украинската и руската страна не запира.
„Привременото примирје со Руската Федерација е секогаш начин за понатамошна ескалација и војна. Така не може да биде. Неопходно е да се воспостават такви услови што нема да ѝ дозволат на Русија ниту да помисли да пука на територијата на Украина или да ги премине нашите граници. Привременото примирје е поттик за Русија за понатамошни агресивни дејствија“, рече Подољак.
Кажа дека без вистински превентивни механизми за спречување војна, ниту еден договор нема да функционира.
На 24 февруари Русија ја нападна Украина.
