Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак најави дека ја менуваат тактиката на војување

Подољак најави дека ја менуваат тактиката на војување

Украина има нова стратегија, а тоа е фокус на саботажи за да се создаде хаос кај руските сили. 

Советникот на претседателот Володимир Зеленски, Михајло Подољак за Гардијан изјави дека ќе се изведат уште вакви напади во „следните два или три месеци“ слични на мистериозните напади во вторникот врз железничката клучка и воздушната база на Крим, како и минатонеделниот напад врз руските воени авиони на аеродромот Саки на кримскиот полуостров.

„Украина започна контраофанзива чија цел е да создаде „хаос во руските сили“ со удари на линиите за снабдување на напаѓачите длабоко во окупираните територии“, изјави  Подољак.

Подољак побара „уште 50, 60, 80“ системи MLRS (системи за повеќекратно лансирање ракети над постоечкиот арсенал од околу 20, од ​​кои 16 се од типот ХИМАРС за кои советникот ги опиша како „многу добри“.

„Ние не ги користиме тактиките од 1960-тите и 1970-тите“, вели тој. 

Претходно, Зеленски опомена дека функционерите не треба да ги откриваат тактиките за медиумите затоа што на тој начин нанесуваат штета. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Оттогаш Зеленски смени повеќе функционери поради сомнежи дека соработуваат со Русите. 

Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести