Подољак на властите во Херсон им порача дека може да бараат да се приклучат на Марс
Можете да се придружите на Марс или Јупитер, порачаа украинските власти на властите во Херсон кои сакаат припојување со Русија.
Михајло Подољак, најблискиот соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски прв одговори на оваа најава од Херсон.
„Единствената жалба што може да ја подготват од регионот Херсон е барањето изговор по судската одлука. Можете дури и да побарате да се придружите на Марс или Јупитер. Украинската армија ќе го ослободи Херсон, без разлика какви игри со зборови игра“, објави тој на „Твитер“.
Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека жителите на регионот треба да одлучат за прашањето за поднесување барање за прием на Херсон во Русија. Вели дека дополнително, „тоа е прашање што треба јасно и внимателно да биде проверено и оценето од адвокатите“. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Според американски разузнавачи, можно е Русија да ја прошири војната и во Молдавија. Русија бара воена неутралноста на Украина, денацификација, но и територии каде живее руското малцинство.
