Пoдољак: Маск ни помогна да преживееме во најкритичните моменти
Украина ќе најде решение за работата на „Старлинк“.
Советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак рече денеска дека Киев ќе пронајде решение да ја одржи во функција сателитската мрежа „Старлинк“, пренесе Ројтерс.
„Ајде да бидеме искрени. Ни се допаѓало тоа или не, Маск ни помогна да преживееме во најкритичните моменти од војната. Компаниите имаат право на своја стратегија. Украина ќе пронајде начин да ја одржи во функција „Старлинк“. Очекуваме американската компанија да даде стабилна врска до крајот на преговорите“, вели Подољак.
Претходно во текот на денот Илон Макс изјави дека неговата вселенска компанија Спејс Икс не може до недоглед да го финансира „Старлинк“ во Украина. Мрежата „Старлинк“ е дизајнирана да овозможи пристап до Интернет преку голем број микросателители.
Маск неодамна даде предлог како да се стави крај на војната, со тоа што Крим би останал на Русија, во окупираните територии би се повториле референдуми под мониторниг, а Украина да остане воено неутрална. Но, на украинските политичари овој предлог не им се допадна.