Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подољак ги критикуваше ЕУ и САД, вели се водат од финансиски приоритети

Подољак ги критикуваше ЕУ и САД, вели се водат од финансиски приоритети

ЕУ и САД  имаат ирационален страв од Русија, кажа денеска советникот на украинскиот претседател и главен преговарач во мировните преговори со Русија, Михајло Подољак. 

Во интервју за новинската агенција „Интерфакс Украина“, Подољак рече дека политичките елити на Западот сакаат да се вратат во предвоениот период и не сакаат да ги решаваат проблемите, пренесува „Ројтерс“. Тој додаде дека нивните финансиски приоритети имаат предност при одлучувањето.

Украина секој ден губи до 100 војници, а војната трае повеќе од 3 месеци. 

Слично

Поврзани вести