Подољак ги откри намерите на Русите и нивното движење во Украина
Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак вели дека руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина.
Додава дека тоа го прават со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови.
„Со оглед на овој факт и сите движења и концентрација на окупаторските сили, сосема е јасно дека Русија избра друга тактика како приоритет“, напиша Подољак на Телеграм.
Вели дека руските сили сакаат да ја задржат контролата над огромните окупирани територии (не само во регионите Доњецк и Луганск) и таму да се зајакнат.
Подољак додава дека без тешко оружје не можат да ги одбијат Русите.
Гувернерот на регионот Полтава Дмитриј Лунин, пак, рече дека руски проектили рано утрово погодиле два града во централна Украина, Полтава и Кременчук.
Денеска е 38-от ден од почетокот на војната во Украина. Русија бара Украина да биде воено неутрална, да се направи денацификација, и Крим, Доњецк и Луганск да бидат припоени со неа.
