Подољак: Дали Кремљ размислува за војна користејќи ја Сталиновата математика – 20 милиони мртви?
Советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак, одговори на новата закана на рускиот претседател, Владимир Путин, кој претходно изјави дека Русија само што ја започнала војната во Украина.
„37.000 загинати руски војници. Заедно со ранетите, тоа е од 98.000 до 117.000 луѓе. 10 генерали елиминирани, 1.605 тенкови, 405 авиони и хеликоптери се претворија во отпад. Русија сè уште не ни почнала да се бори? Дали Кремљ размислува за војна користејќи ја Сталиновата математика – 20 милиони мртви?“, праша Подољак на Твитер.
Слично
