Подметнат пожар во редакција на германски „Хамбургер Моргенпост“ – објавил карикатури на „Шарли Ебдо“
Рано утринава во еден германски весник во северниот пристанишен град Хамбург, бил подметнат пожар, а според првичните информации повод за ваквиот инцидент најверојатно е препечатувањето на карикатурите на пророкот Мухамед од францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, соопшти полицијата.
„Камења и молотов коктел биле фрлени низ прозорците во објектот каде е сместена редакцијата. Две соби на долните катови се оштетени од пламените јазици, но пожарот веднаш беше изгаснат“, истакнал портпаролот на тамошната полиција.
Регионалниот дневен таблоит „Хамбургер Моргенпост“, објави три карикатури на „Шарли Ебдо“ по масакрот кој се случи во редакцијата на Париз, со наслов „Овој вид на слобода мора да биде возможен!“.
Во нападот кој според полицијата се случл во раните утрински часови, нема повредени.
Полицијата веќе уапсила две сомнителни лица кои се наоѓале во близина на местото на инцидентот.
Слично
