ПОДИГНАТО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ: Полицијата најде хемиско оружје при рација во Брисел
Белгиските власти пронашле арсенал на хемиско оружје во денешните полициски операции, информираат локалните медиуми.
Белгискиот информативен сајт „DH.be“ соопшти дека се најдени хемиско оружје и експлозиви во рацијата спроведена во бриселскиот кварт Моленбек.
Денес нивото на терористичка закана во Брисел е до максимална закана за безбедноста на базата на анализи на француските и белгиските власти.
Само пред два дена францускиот премиер Маноел Валцер предупреди за можност од закана од напади со хемиско и бактериско оружје.
Од ноќеска властите во Белгија го зголемија нивото на терористичка закана на највисокиот 4-рт степен за регионот на Брисел. Претходниот 3-ет степен на тревога значеше „можна и веројатна“ закана, а сега таа се дефинира како „сериозна и престојна“, според белгискиот национален орган за анализи на безбедноста.
Полициските патроли во Бриселската метропола се зголемуваат. Метрото е забрането за движење. На населението му се препорачува да избегнува места со силна концентрација на луѓе како што се аеродромите, железничките станици, трговски центри, концерти или други јавни манифестации, како и да не се шират гласини, и да се следат само пораките на официјалните власти.
Подигнување на степенот на тревога поради новите податоци во врска со истрагата на атентатите во Париз. Засега не се даваат детали за причините да се овозможи на судските истражители да ја продолжат истрагата.
Бриселскиот кварт Моленбек е сметан за база на џихадистите во Европа, забележува „France Press“.
Наводниот главен организатор на терористичките напади во Париз, Абделхамид Абауд, кој беше убиен во средата, и двајцата - браќата Брахим и Салах Абдеслам се родум од таму. Брахим е убиен во еден од нападите, а Салах избегал и е во бегство.
4-от степен на терористичка закана беше активиран по атентатот врз Еврејскиот музеј во Брисел на 24 мај 2014 година.
Вчера францускиот парламент даде речиси едногласна поддршка на предлогот за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци. Тоа е само една недела по координираните терористички напади во главниот град на Франција од 13 ноември, каде што загинаа 130 лица. Терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападите.
