Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подготвени сме за целосно уништување: Светот во паника поради морбидните закани на Северна Кореја

Подготвени сме за целосно уништување: Светот во паника поради морбидните закани на Северна Кореја

Северна Кореја денес соопшти дека е залуден секој обид на Јужна Кореја и САД да утврдат каде се наоѓаат севернокорејските мобилни ракетни лансери, истакнувајќи дека нејзиното стратешко оружје е подготвено за „целосно уништување на центарот за агресија“ и провокации „од било кое место и било каде“.

Северна Кореја тоа го порача изнесувајќи саркастични наводи за неодамнешната вежба во која војската на Јужна Кореја се обидела да открие или уништи севернокорејски транспортер-двигател-лансер пишуваат светски агенции.

„Rodong Šinmun“, гласилото на севернокорејската владеачка Работничка партија наведува во коментар дека вежбите кои јужнокорејската војска ги извела на 24 август се смешни.

„Нашето стратешко оружје е подготвено за целосно уништување на жариштето на агресијата и провокациите од било кој непредвидлив регион и места во било кој момент“, се истакнува во коментар на севернокоресјкиот весник.

Исто така се наведува дека САД и Јапонија ги мобилизирале своите разузнавачки средства поради 24 часовен надзор над Северна Кореја, но дека не успеале да детекрираат време и место за лансирање на балистички ракети.

Весникот напоменува дека дури и САД високо ја почитуваат севернокорејската војска поради нејзините способности на камуфлирање, криење и завери.

„Било какви обиди на марионетите однапред да ги откријат или уништат нашите системи се само пусти соништа. Марионетите во Јужна Кореја нема да избегнат катастрофа додека подмитени трчкаат наоколу“, се наведува во коментарот.

Слично

Поврзани вести