Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подготвени сме да ја затвориме границата со Белорусија, нјави полскиот премиер

Подготвени сме да ја затвориме границата со Белорусија, нјави полскиот премиер


Полска ја разгледува можноста за воведување строги санкции против Белорусија, вклучително и затворање на граничните, транзитните и трговските премини, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Моравјецки ја даде изјавата на заедничката прес-конференција со неговата естонска колешка Каја Калас.

„Размислуваме да воведеме сè посериозни економски санкции, вклучително и затворање на полско-белоруската граница од страна на Полска“, рече полскиот премиер, истакнувајќи дека се ќе зависи од активностите на белоруските власти, пренесе ТАСС.

„Сакаме да му дадеме на белорускиот претседател Александар Лукашенко шанса да ги повлече и врати мигрантите во нивните матични земји“, рече Моравиецки.

Слично

Поврзани вести