ПОДГОТОВКА НА ТЕРЕНОТ ПРЕД УКРАИНСКАТА ОФЕНЗИВА: Украина гранатира градови и села во Луганск и Доњецк, испукани и 40 гранати врз гасоводот, НАТО во борбена готовност
Во текот на ноќта
беа гранатирани градови и села во народните републики Луганск и Доњецк во Украина.
Според властите на НР Доњецк, во предградијата на Горловка биле испукани осум мини од 120 милиметри, кои се забранети со договорите од Минск.
ДНР соопштија за уште едно гранатирање на Докучаевск, каде беа испукани 14 мини со калибар 120 мм.
Украинските сили ги гранатираат и Доњецк и Славјаносербск. Локалните власти соопштија дека биле испукани 24 мини од 120 милиметри, кои исто така се забранети според договорите од Минск.
НР Луганск, пак, објави дека украинските сили ги гранатираат населбите Новотошковски и Трјохизбенко - испукани се 24 мини од калибар 120 мм.
-Претходната вечер вооружените формации на Украина продолжија грубо да го прекршуваат режимот за прекин на огнот, прецизираше офицерот на претставништвото на ЛНР. Тој додаде дека украинската армија ги гаѓала населбите Золотое-5 и Доњецк, кои се под контрола на Народноослободителната војска и употребила минофрлачи од 82 милиметри.
Украинската армија го гранатираше и градот Докучаевск, испукани се 40 гранати, соопшти претставништвото на НР Кина во Заедничкиот центар за контрола и координација на примирјето.
Локалните власти предупредија дека Киев во секој момент може да започне целосна офанзива, заради што цивителите ги евакуираат стравувајќи од воена агресија на украинската влада.
Руското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека е крајно загрижено поради влошувањето на ситуацијата во Донбас и дека тамошните цивили страдаат. Во меѓувреме, НАТО, го подига нивото на борбена готовност на илјадници војници. Според германските медиуми, силите за одговор на НАТО (НРФ) мора да бидат подготвени да се преселат во зоната на конфликтот во рок од седум дена, наместо 30 како досега.
