„ПОДЕЛЕТЕ ЈА ВАКЦИНАТА МРП НА ТРИ ДЕЛА“: Трамп повторно предупредува и за „таленол“
„Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим.“ Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа, Truth social.
Инаку, вакцината која ја зборува Трамп е комбинација од три вакцини во една доза. Таа помага да за заштита од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално сериозни вирусни заболувања. Здравствените работници препорачуваат две дози. Децата обично примаат една доза помеѓу 12 и 15 месеци, а друга помеѓу 4 и 6 години.
Трамп не вели да не се прима вакцината, туку само препорачува таа да се прими во три одделни дози, а не во еден микс од сите три вакцини, но не објасни зошто.

