Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поделбата на вакцини во светот е скандалозна

Поделбата на вакцини во светот е скандалозна

Скандалозна нееднаквост има во поделбата на вакцините против Ковид-19 во светот. 

СЗО ги повика земјите да донираат вакцини од механизмот „Ковакс“ со цел до септемрви да се имунизираат барем 10 проценти од населението од сите земји или 30 проценти до крајот на годината, објави Ројтерс.

„Продолжува скандалозната нееднаквост во поделбата на вакцините“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.

Тој предупреди дека ниту една земја не треба да претпоставува дека е „надвор од шума“, без оглед на процентот на вакцинација, се додека вирусот САРС-КоВ-2 и неговите соеви се шират на друго место во светот. Генералниот директор изјави дека светот сè уште е во многу опасна ситуација.

Индија се искачи на високото второ место по бројот на починати од коронавирусот. 

Се појавија нови податоци околу потеклото на коронавирусот. Во извештајот на американската разузнавачка служба стои дека повеќе истражувачи на кинескиот Институт за вирусологија во Вухан заболеле уште во ноември 2019 година.

foto freepik

Слично

Поврзани вести