Поддржувачите на Трамп не пијат Пепси, им го навредиле претседателот
Се поголем број на поддржувачи на Доналд Трамп повикуваат на бојкот на пијалоците на Пепси откако Индра Нуји, генералниот директор на компанијата, по изборите посочи дека вработените биле шокирани и морала да ги утеши за нивната безбедност, стравувајќи од лошите и одмазнички политики на Трамп.

Таквите изјави на директорката на Пепси беа доволни за гласачите на Трамп да го истурат целиот бес на социјалните мрежи веднаш фаворизирајќи ги нивните конкуренти и обвинувајќи го Пепси за политички корумпирана компанија која е блиска до Хилари Клинтон и нејзините интереси. Дури и вредноста на акциите на Пепси на берзите падна за 2 проценти.
Слично
