Поддршката за Меркел повторно расте по нападите во Париз
Поддршката за конзервативниот политички блок на германската канцеларка Ангела Меркел се врати сериозно поради загриженоста на гласачите за глобалниот тероризам по најсмртоносните напади во почетокот на овој месец во Париз, пренесоа агенциите.
По силен пад во последниве недели поддршката за демохристијаните (CDU) на Меркел и нивните сојузници христијанско-социјалистите (CSU) од Баварија скокна со три процентни поени до 39 проценти во последната недела според социолозите од „Forsa“.
„Како што беше случајот со сите претходни терористички акти, партијата на чело на државата заработува од зголемување на довербата“, изјавил шефот на „Forsa“, Манфред Гелнер.
Поддршка за „CDU-CSU“ се намали во последниве недели поради длабоките поделби кои се појавија помеѓу двете земји по прашањето како Меркел се справува со бегалската криза.
Канцеларката на неколку наврати ги отфрли повиците на лидерот на „CSU“ и премиер на Баварија, Хорст Зеехофер да се стави рампа на бројот на лицата кои бараат азил, и кои влегуваат во земјата.
Според уставот Германија е должна да обезбеди засолниште за сите кои бегаат од политички прогон.
Но ако избирачите би биле во можност да гласаат директно за канцелар, Меркел ќе биде поддржана од 48 отсто од гласачите - 32 процентни поени повеќе отколку за основниот нејзин конкурент Зигмар Габриел, кој ги предводи левите социјалдемократи (SPD).
Габриел собира само 16 отсто од гласовите, според анкетата на „Forsa“ составена по нарачка на неделникот „Stern“ и приватниот телевизиски оператор „RTL“.
Студијата исто така покажува дека поддршката за антиимиграционата „Алтернатива за Германија“ (AFD) паѓа за 1 процентен поен во последната недела до 7 отсто. Во последните недели поддршката за „AFD“ се зголеми главно поради проблемите со бегалците во Германија.
Сепак резултатите од оваа недела значат дека „AFD“ би можела да освои места во националниот парламент за прв пат.
„SPD“, која е помлад член на владејачката коалиција на Меркел, губи 1 процентен поен и собира само 24 отсто од гласовите.
Поддршката на Зелените се задржува на 10 проценти според анкетата на „Forsa“ која се базира на одговорите на 2502 гласачи.
Крајно левите „Die Linke“ исто така остануваат без промена на 9 отсто, а пробизнис настроените „Слободни демократи“ земаат 5 отсто.
