Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДДРШКА ОД ДВЕ МОЌНИ ЖЕНСКИ ФИГУРИ ЗА БАЈДЕН: Првата дама на САД, Џил Бајден и потпретседателката Камала Харис

ПОДДРШКА ОД ДВЕ МОЌНИ ЖЕНСКИ ФИГУРИ ЗА БАЈДЕН: Првата дама на САД, Џил Бајден и потпретседателката Камала Харис

Новиот американски претседател Џо Бајден, и за време на кампањата, но и во мандатот што му следи, има огромна безусловна поддршка од две моќни жени. Неговата сопруга, сега веќе првата дама на САД, Џил Бајден, како и потпретседателката Камала Харис.

Професорката по англиски јазик на Универзитетот во Вирџинија, Др. Џил многу добро ја знае политичката сцена. До пред само четири години, беше рамо до рамо со Мишел Обама, за време на мандатот на Барак Обама, кога Џо Бајден беше потпретседател на САД.

Сега, како што пишуваат светските медиуми, по победата на нејзиниот сопруг Џо, како прва дама на САД, Џил ќе има можност да ја унапреди таа улога, со тоа што ќе ја задржи и професорската позиција. Како прва дама, таа се очекува да работи во областа на образованието и повторно да ги покрене Здружените сили, мисија за обединување на воените семејства што таа и Мишел Обама ја иницираа во 2011 година.

САД имаат и прва Афроамериканка која е е функацијата потпретседателка. Камала Харис, во првото обраќање до рече дека „се раѓа нов ден за Америка“. Харис, сенаторка од Демократската партија од Калифорнија, е првата Афроамериканка на таа позиција и има индиско и јамајканско потекло.

За неа Бајден е стабилен и цврст човек, а за неговата сопруга Џил вели дека ќе биде одлична прва дама. Таа исто така им се заблагодари на сите жени кои работеа за правото на глас на жените. 

– Можеби сум првата жена на оваа позиција, но не сум последна. Бидејќи ова е земја на можности. Сонувајте со амбиција. Ќе му бидам потпретседателка на Џо, како што беше тој на Барак Обама, потенцираше досегашната сенаторка.



Слично

Поврзани вести