Податоците од втората црна кутија потврдуваат: Лубиц го урнал авионот намерно
Анализата на податоците од втората црна кутија на авионот на „Германвингс“ кој се урнал во Француските Алпи, потврдуваат дека вториот пилот намерно го урна авионот, изјавиле инспекторите, пренесе Франс прес.
Потсетуваме втората „црна кутија“ беше отворена вчера по 9 дена од претресот на местото на несреќата. Таа дава податоци за техничката состојба и параметрите на авионот за време на летот, додека првата открива информации од записите во пилотската кабина.
Според инспекторите Лубиц го кренал и насочил авионот да се урне во Француските Алпи, при што загинаа сите 150 патници.
Француското биро за истраги на воздухопловни несреќи (BEA) прецизира дека пилотот ги променил поставувањата, за да ја зголеми брзината на авионот.
„Првите анализи покажуваат дека пилотот во кокпитот се користел со автоматско управување, за да ја намали висината на авионот до висина од околу 30 метри. Потоа неколку пати во текот на намалувањето пилотот ги изменувал прилагодувањата на автоматски, за да ја зголеми брзината на авионот“, појаснија од BEA.
Од бирото додадоа дека продолжуваат да го поставуваат редоследот на настаните за време на летот.
Авионот се урна со околу 700 километри на часа, при што загинаа на лице место сите во него, вклучувајќи половина од нив Германци и повеќе од 50 од Шпанија.
