ПОД НЕГО ИМАЛО ТУНЕЛИ: Израелската армија го уништила станот во кој се криел лидерот на Хамас
Израелската армија го пронашла и го уништила станот во кој се криел лидерот на палестинската терористичка група Хамас.
Израелските одбранбени сили вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија и под него голема мрежа од тунели. Израелската армија изјави дека во станот имало предмети што укажуваат дека Синвар го користел како скривалиште. Влезот во тунелот долг 218 метри бил на длабочина од дваесет метри и имал неколку странични премини, јавуваат израелските медиуми.
Слично
