Економија, финансии, бизнис

Контакт

Под граница на сиромаштија во САД живее 15% од населението

Под граница на сиромаштија во САД живее 15% од населението

Според податоците кои вчера ги објави Федералната агенција за попис на населението, во САД минатата година 46,5 милиони луѓе, или 15 отсто, живееле под границата на сиромаштијата.

Таа бројка е речиси иста како и една година порано, што е изненадување, бидејќи се очекувало дека поради растот на американската економија таа ќе биде намалена.

Бројот на сиромашните и натаму е 2,5 отсто поголем отколку во 2007 година, во пресрет на глобалната финансиска криза.

Границата на сиромаштијата во САД во 2012 година беше 23.492 долари, што е годишен приход на четиричлено семејство. Просечниот семеен годишен приход во 2012 изнесувал 64.053 долари, додека самците во просек заработувале 30.880 долари.

Слично

Поврзани вести