Економија, финансии, бизнис

Контакт

(КРАЛСКА СВАДБА) Како ѝ се оддаде почит на покојната принцеза Дијана?

(КРАЛСКА СВАДБА) Како ѝ се оддаде почит на покојната принцеза Дијана?

Кралската репортерка Ребека Инглиш појасни дека празниот стол на венчавката не бил наменет за принцезата Дијана. Наместо тоа, таа рече дека тоа е протокол-седиштето пред кралицата секогаш да биде празно.

Но, дури и со празното столче на страна, имаше многу почит за принцезата Дијана на свадбата, вклучувајќи го велот на Меган Маркл, букетот, цветните аранжмани, и читањето за текот на церемонијата од Лејди Џејн Феловс, сестрата на Дијана.

Имено, принцот Хари за свршеничкиот прстен на Меган земал два дијаманта од колекцијата на својата мајка, а прстенот сам го дизајнирал.

Белите рози во цветните аранжмани исто така беа во чест на мајката на Хари. Тој, наводно, го избрал букетот на Меган со омилените цветови на неговата мајка. Меган потсети на прерано починатата принцеза со нејзиниот превез, кој потсетуваше на оној од свадбата во 1981-вата со принцот Чарлс.

Повеќе прочитајте ТУКА.


Слично

Поврзани вести