Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува штрајкот на шест германски аеродроми

Почнува штрајкот на шест германски аеродроми

Започна штрајкoт на вработените во германските аеродроми, кои се закануваат да ја парализираат или барем сериозно да усложнат работата на шест германски аеродроми.

Штрајковите почнаа утрово во Бремен, Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Келн-Бон и Хановер. Од синдикатот "Верди" инсистираат платите на вработените да бидат зголемени за 6%, а условите за работа да бидат подобрени, особено во сферата на јавните услуги, како и за вработените кои го проверуваат багажот.

Поради штрајкот беа откажани околу 900 летови на најголемата германска авиокомпанија "Луфтханза". Вкупно штрајкот ќе влијае на 87 000 патници, а ќе бидат исполнети само 40% од сите планирани поети на компанијата.

Најтешка е ситуацијата на аеродромот во Минхен, каде што беа откажани 545 летови. Претставник на "Луфтханза" соопшти дека засега нема да биде објавена комплетната листа со сите откажувања за денот. Секој патник, на кој му претстои патување може да види информации за летот на сајтот на компанијата.

Следната рунда преговори меѓу "Верди" и работодавците е закажана за 28 и 29 април.

Слично

Поврзани вести