ПОЧНУВА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА: Авто-гигант повеќе нема да продава дизелаши во Европа
Јапонската автомобилска компанија Нисан постепено ќе престане со продажба на дизел автомобили во Европа, изјавила портпаролката на компанијата.
Тоа, како оценува агенцијата Ројтерс, е најнов сигнал на слабеење на побарувачката за тие возила како последица на загриженоста на купувачите поради зголемените даноци и можни забрани на дизел возила во многу земји.
„Во овој момент, поради големиот број купувачи на модерни дизел мотори, ќе продолжиме да испорачуваме возила под ознаките на Нисан. Во Европа, каде нашата продажба на дизелаши е концентрирана, ние со електрификација полека ќе ги истуркаме дизелашите, а се со цел на претставување нови верзии на автомобили“, изјавила портпаролката.
Податоците објавени претходно овој месец укажаа на остар пад на побарувачката за дизел автомобили во Британија, вториот најголем европски пазар на автомобили.
